„Соколите“ ја добија македонската пресметка во АБА лигата (ФОТО)

Кошаркарите на Карпош Соколу ја добија македонската пресметка во АБА – лигата, славејќи против МЗТ Скопје во драматичен меч со 77-74. Во неизвесен меч, максимално тензичен на моменти, поснаодливи во завршницата беа „соколите“ кои заслужено стигнаа до триумфот.

Македонскиот дуел во АБА – лигата донесе многу нервоза од двете екипи, слаба реализација, грешки под кошевите, што веројатно произлезе и од важноста на самиот меч. „Металците“ ја добија првата четвртина со три поени (14-17), а со идентична предност заминаа и на одморот (31-34).

Тимот на Карпош Соколи подобро го одигра третиот период, успевајќи да го сврти резултатот во своја корист (49-46). Се влезе во неизвесни последни десет минути од оваа средба.

IMG_2478

Бојан Трајковски беше носител на играта на „соколите“, а имаше одличен ривал под кошевите во Јуре Лалиќ. На пет минути пред крајот, со својот 22-ри поен, израмни на 55-55. Лабовиќ со тројка повторно го доведе домашниот тим во водство, но Дреновац уфрли ’два плус еден’ на спротивната страна. Потоа и уште еден одличен негов влез, за водство на МЗТ Скопје Аеродром (58-60). Продолжи серијата на Дреновац и со прецизно реализирана тројка, но возврати и Дарко Соколов со иста мера (61-63).

Се појави потоа и Синовец, уфрли нова тројка, а Мавра намали на 63-66. Мечот влезе во последните две минути, Трајковски беше успешен за два поени и „соколите“ дојдоа само на еден поен негатива (65-66). Зоран Вркиќ постигна неверојатно важна тројка, носејќи го Карпош Соколи во водство, по што се придодаде и Мавра со уште една тројка за 71-66, за да сето тоа се сведе на крајот на победа од три поени разлика.

IMG_2491

Трајковски со 17 поени и Мавра со 19 поени беа најефикасните поединци кај Карпош Соколи, додека Дреновац запиша 19 поени за „штрковите“.

По овој триумф, Карпош Соколи сега има седум победи, наспроти и 12 порази, додека МЗТ Скопје остана на претходните пет победи, сега и со 14 порази на своето конто во АБА лигата.

Се вчитува...