Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов се враќа во старата добра препознатлива форма во дресот на полскиот Пјаст.
Во 30. коло од најсилната лига во Полска, Пјаст триумфираше со 2-0 против Варта Познањ. На дуелот на кој македонскиот фудбалер почна од првата минута, во 43. минута од средбата Костадинов одлично асистираше на Вилчек за водство од 1-0.
Костадинов настапи до 83. минута од средбата кога веќе беше и решен победникот на дуелот….
🇵🇱 Goal: Kamil Wilczek | Piast Gliwice 1-0 Warta Poznańpic.twitter.com/dXsWsNdrEQ
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА