У-15: Македонија со победа над ОАЕ го стартуваше силниот меѓународен турнир во Удине

Младата македонска репрезентација за фудбалери до 15 години со победа го стартуваше силниот меѓународен турнир во Удине, Италија.

Македонија триумфираше против соодветната селекција на Обединетите Арапски Емирати со 2-1, благодарение на головите Јаков Стојковски и Андреј Цветковски.

Избраниците на селекторот Драган Начевски утре од 17 часот ќе се соочат со селекцијата на Ирска.

Се вчитува...