Агуеро се онесвестил среде натпревар, однесен во болница - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Агуеро се онесвестил среде натпревар, однесен во болница

Агуеро се онесвестил среде натпревар, однесен во болница

Серхио Агуеро бил причина за паника меѓу аргентинските репрезентативци откако одличниот фудбалер колабирал во соблекувалната на „гаучосите“ на полувремето од натпреварот против Нигерија што се одигра во Кубан, Русија.

Членот на Манчестер сити го постигна голот за водство на Аргентина од 2-0, но потоа се онесвестил во соблекувалната, по што меѓу „гаучосите“ завладеала паника. Откако докторите успеале да му ја стабилизираат состојбата тој веднаш бил испратен во најблиската болница на детални испитувања, кои би требало да дадат одговор на прашањето околу причините за колапсот на одличниот голгетер.

Ова е уште еден во низата проблеми за Агуеро, кој во последните сезони се мачи со различни повреди, а минатиот месец настрада во сообраќајна несреќа во Амстердам, по што речиси цел месец мораше да паузира од терените. Останува да се види колку е сериозен најновиот проблем и дали тој ќе значи дека Агуеро ќе мора да пропушти дел од претстојните натпревари на Манчестер сити.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.