Бернардески донесе три бода за Јувентус… (видео)

Јувентус ја продолжува битката за врвот на табелата во Серија А благодарение на минималниот триумф од 0-1 на гостувањето против Каљари во 20. коло.

„Старата дама“ до победата дојде благодарение на погодокот на Федерико Бернардески во 74. минута од средбата.

По овие три бода, Јуве со 50 бода е на втората позиција, еден помалку од водечкиот Наполи. На третото место е Интер со 42 бода.

За Јувентус негативно од пресметката со Каљари е сигурно повредата на Паоло Дибала кој мораше да ја напушти играта во 50. минута од средбата.

Се вчитува...