Фудбалската федерација на Шпанија доби нов претседател

Фудбалската федерација на Шпанија го именуваше Педро Роча, обвинет за корупција во скандалот што ја тресе федерацијата, за нов претседател.

Во соопштението на Шпанската фудбалска федерација се наведува дека Роча е назначен за претседател откако ја добил поддршката од мнозинството на собранието на организацијата. Ро;а беше единствениот кандидат на изборите.

Соопштението доаѓа само еден ден по одлуката на шпанската влада да ја стави под надзор фудбалската федерација, која е во криза откако поранешниот претседател Луис Рубиалес предизвика скандал бакнувајќи ја фудбалерката Џени Хермосо.

Поточно, комисијата формирана од Високиот спортски сојуз, организација зависна од Министерството за спорт, „ќе ја надгледува Федерацијата во текот на следните месеци во интерес на Шпанија“, идниот организатор на Светското првенство во 2030 година заедно со Португалија и Мароко.

Се вчитува...