Блажевски: Ја исполнивме мисијата во Кратово

Вардар славеше во Кратово против Силекс со минимални 0-1, а стрелец на победничкиот гол беше Дејан Блажевски. Напаѓачот на „црвено-црните“ вели дека најважно е што тимот успеал да ја исполни целта, да ја комплетира мисијата за освојување на нови три бода.

„Многу е важно што го исполнивме по она што дојдовме во Кратово, а тоа е победа и трите бодови. После првото полувреме не успеавме да постигнеме гол и да го отвориме резултатот, а во вториот дел заигравме далеку подобро. Ја забрзавме нашата игра, нападнавме со сите сили во обидот да стигнеме до водство, и тоа ни успеа во таа 64 минута кога на моја среќа јас го постигнав тој водечки гол. После водството беше многу полесно и успеавме веднаш да направиме две добри шанси кои моравме да ги реализираме и порано да го решиме победникот. Сепак, најважно е што победивме. Ова се важни три бода во обидот да ја задржиме предноста на табелата. Сега одиме напред и се фокусираме веќе кон следните натпревари на кои секако целта е иста, а тоа е победа“, вели Блажевски за официјалниот сајт на клубот.

Вардар има 11 бода во однос на второпласираната Шкендија на врвот на табелата во Првата фудбалска лига на Македонија.

Фото: www.fkvardar.mk

Се вчитува...