Дел Потро ќе игра против Федерер во финалето на Индијан Велс

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро е вториот финалист на мастерс – турнирот во Индијан Велс. Тој го совлада Милош Раонич со 2-0 во сетови (6-2, 6-3) и во големото финале ќе ги одмери силите со Швајцарецот Роџер Федерер.

Дел Потро во првиот сет успеа двапати да го одземе сервисот на Раонич и брзо го комплетираше во своја корист со 6-2 во гемови. Во вториот сет исто така беше поконцентриран, го доби со 6-3 и го трасираше патот кон финалната пресметка со Федерер.

Се вчитува...