Фени си поигра со струмичани за убедлив триумф (97-69)

Сосема очекувано екипата на Фени Индустри стигна до лесна победа во 13. коло од Првата македонска кошаркарска лига, славејќи со убедливи 97-69 против Струмица.

Од самиот почеток кавадарчани создадоа предност која рутински ја одржуваа и дополнително зголемуваа до крајот на натпреварот.

Пет домашни кошаркари мечот го завршија со двоцифрен ефект, од кои со „дабл-дабл“ финишираше Џекиќ со 14 поени и 10 скока. 21 поен постигна Николовски, 17 поени запиша Петровски, 14 поени – Стајиќ, кој имаше и шест асистенции и пет скока, а со 10 поени заврши Магдевски. Во поразениот тим најдобар беше Јокиќ со 34 поени.

По оваа победа Фени се израмни на врвот од табелата со Работнички со 11 победи и само два порази. Струмица остана на петтото место со пет победи, и сега веќе осум порази.

Се вчитува...