Феноменална завршница: Вигинс ја 'замолкна' Оклахома со звукот на сирената... (ВИДЕО) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Феноменална завршница: Вигинс ја ‘замолкна’ Оклахома со звукот на сирената… (ВИДЕО)

Феноменална завршница: Вигинс ја ‘замолкна’ Оклахома со звукот на сирената… (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота ја надиграа Оклахома со 115-113, неочекувано славејќи во синоќешниот дуел од НБА лигата благодарение на тројката на Ендрју Вигинс од повеќе од десет метри со звукот на сирената, во феноменална завршница откако непосредно пред тоа Кармело Ентони со тројка донесе водство за Оклахома.

Вигинс мечот го заврши со 27 поени, плус и седум скока и четири асистенции, а го следеше Карл Ентони-Таунс со 27 поени и 12 скока.

Кај Оклахома најефикасен беше Расел Вестбрук со 31 поен, 10 асистенции и 5 скока, а Ентони мечот го заврши со 23 поени.

Њу Орлеанс славеше против ЛА Лејкерс со 119-112, одбивајќи го налетот на „езерџиите“ кои со серија од 27-4 дојдоа до пресврт во Стејплс центарот, но гостите возвратија со 11-0 за прва победа сезонава.

Пеликанси беа предводени од Ентони Дејвис со 27 поени и 17 скока, како и Демаркус Казинс со 22 поени и 11 скока. Најдобар кај Лејкерси беше резервистот Џордан Кларксон со 24 поени и пет асистенции, а по 20 поени постигнаа Колдвел-Поуп и Кузма.

Вториот пик Лонзо Бол повторно се изнапромашува, погоди само три од 13 шута, па мечот го заврши со 8 поени, и 13 асистенции и 8 скока.

Во првиот меч на вечерта, Бруклин славеше против Атланта со 116-104, предводени од Алан Креб со 20 поен, а го следеа Демари Керол со 17 поени и Дианџело Расел со 16 поени.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.