Горецка е светска класа, еве зошто го бара половина Европа

Леон Горецка прераснува во нова ѕвезда на германскиот фудбал откако асот на Шалке на одличните настапи на Купот на Конфедерации се надоврза со прекрасен погодок на вечерашниот квалификациски меч против Азербејџан.

По корнер од десната страна топката стигна на вториот дирек кај Горецка, тој беше свртен со грб, но тоа не му пречеше со пета да го погоди горниот агол од голот на гостите за воодушевување меѓу фановите на стадионот во Кајзерслаутерн.

Дефинитивно станува збор за играч со фантастични квалитети, па неслучајно за неговите услуги се интересираат најголемите клубови од Германија, Англија, Италија и Шпанија.

Се вчитува...