Грнчаров: Ама ич не ми е гајле како жештините во Струмица ќе влијаат на Малме! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
25/09/2017 15:15
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43

Грнчаров: Ама ич не ми е гајле како жештините во Струмица ќе влијаат на Малме!

Грнчаров: Ама ич не ми е гајле како жештините во Струмица ќе влијаат на Малме!

Интересен разговор имаше капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров со шведските медиуми по синоќешниот прв меч од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите и ремито (1-1) со Малме на „Сведбанк арената“.

Швеѓаните ги интересираше најмногу околу временските услови кои на 19. јули ќе ги чекаат фудбалерите на Малме во Струмица. Високи температури од 38 степени, жега, тешки услови за игра… И добија директен одговор од Грнчаров:

„Воопшто не ми е гајле како временските услови ќе влијаат на играчите на Малме“ – ги шокираше Грне шведските медиуми и дополни:

„Ние живееме и работиме под тие услови постојано. А немам идеа како од Малме ќе се справат со тоа. Всушност, ако сакате искрено и воопшто не ми е грижа како ќе се справат. Ние ќе одиме да постигнеме гол, да одиграме добро и во третиот обид да не послужи среќата да се пласираме во следната рунда натпревари“.

На истата тема беше запрашан и тренерот на Вардар, Гоце Седлоски, кој истакна дека условите ќе бидат како за македонските така и за шведските фудбалери.

„Ќе биде исто и за нас. Затоа не гледам причина да се потенцира тоа нешто премногу. Мислам дека патникот во следната рунда ќе го одлучат мали детали. Сигурно ќе биде тежок натпревар, ние имаме добар резултат од Малме и се надевам дека ќе се пласираме во следната рунда натпревари“ – истакна Седлоски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.