Пресврт победа на Аталанта на гостувањето кај Салернитана

Аталанта ја продолжи победничката серија и битката за место во Лигата на Шампиони следната сезона откако во 35. коло од Серија А славеше на гостувањето кај Салернитана со 1-2 и тоа по целосен пресврт.

Натпреварот го отвори Чауна со гол во 18. минута, а предност од 1-0 домаќините ја задражаа се до 57. минута кога Скамака на асистенција на Пашалиќ изедначи на 1-1. За целосен пресврт се погрижи Копмајнерс кој ја затресе мрежата шест минути подоцна.

Осумнаесеттата победа во сезоната и го донесе 60 бод на Аталтана со што тимот од Бергамо се врати на петтата позиција на табелата, додека Салернитана остана закована на дното на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...