Дарвин Нуњез, сега 24-годишниот напаѓач на Ливерпул е најскапото засилување на овој премиерлигаш во историјата по трансферот од Бенфика во сезоната 2022/23 вреден 85 милиони евра кој со дополнителни бонуси може да се искачи и до 100 милиони евра.
Уругваецот со „црвените“ има договор до 2028 година, но постои неизвесност дали истиот ќе биде остварен во целост. Поготово по неговиот последен потег кој ги шокираше навивачите на Ливерпул.
Имено, Нуњез на социјалната мрежа „Инстаграм“ ги избриша сите фотографии во дресот на Ливерпул по што започнаа гласини за можно заминување.
Нуњез оваа сезона често беше мета на критичарите поради честите промашени обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА