Ѓуроски: Не ми е сеедно што го победив МЗТ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

Ѓуроски: Не ми е сеедно што го победив МЗТ

Ѓуроски: Не ми е сеедно што го победив МЗТ

Кошаркарот на Карпош соколи, Стојан Ѓуроски за првпат се соочи против својот поранешен клуб, МЗТ Скопје, а од Аеродром заминува со значајна победа. Ѓуроски истакна дека и покрај проблемите, екипата од Карпош денеска излезе на терен, и не само што беа конкурентни, туку одиграа и повеќе од очекуваното. Нивното главно оружје беше тимскиот дух, а по професионализмот кој го покажаа на паркетот, кошаркарите на Карпош соколи сега бараат од управата да го исполнат ветеното, и да ги исплатат средствата што ги должат.

„Денеска покажавме карактер, одигравме повеќе од очекуваното. Тимскиот дух не водеше во текот на целиот натпревар, и покрај проблемите со кои се соочува клубот, ние излеговме на терен и го одработивме нашиот дел од договорот“, вели Ѓуроски.

Во рамките од првото коло од македонската Прва лига, Соколи ги обезбедија и првите бодови, а Ѓуроски вели дека секогаш е убаво да се победува во „Јане Сандански“.

„Секогаш е убаво да се бележат победи во оваа сала, но не ми е сеедно што остварив триумф против мојата поранешна екипа. МЗТ е клубот кој секогаш сум го почитувал“, додаде Ѓуроски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.