Хет – трик за Нестор-гол на дебито со капитенската лента, два гола на Трајковски

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на најдобар можен начин го прослави својот прв натпревар како капитен на Палермо. Постигна хет – трик на пријателскиот меч против австрискиот аматерски тим Бад Клајнкирхајм. И вториот Македонец во Палермо, Александар Трајковски, беше одличен и беше стрелец на два гола.

trajkovski i nestorovski kapiten 2

Италијанскиот тим, кој оваа сезона ќе се натпреварува во Серија Б, славеше со убедливи 8-1, и тоа само по 45 минути.

Во вториот дел, Несторовски постигна и четврти погодок, а Палермо на крајот триумфираше со 13-2.

Се вчитува...