Јувентус ја одреди цената за Квадрадо

Хуан Квадрадо летово ќе го напушти Јувентус откако раководството на италијанскиот првак се решило за продажба и заработка на колумбискиот крилен фудбалер. Имено, „црно-белите“ од Торино ја активираа клаузулата за откуп на договорот на Квадрадо со Челси за сума од 20 милиони евра, свесни дека можат да го продадат за значително повисока отштета во текот на летово.

Како што јавуваат италијанските медиуми, сумата што „старата дама“ ќе ја бара за Колумбиецот ќе изнесува 35 милиони евра. Во таборот на Јувентус се убедени дека ќе ги добијат овие пари со оглед на сериозниот интерес што го искажуваат Арсенал и ПСЖ, два клуба со значителни буџети за засилувања.

„Старата дама“ во следните денови треба да го комплетира трансферот на Даглас Коста, се очекува во новата сезона како крилен офанзивец поголема минутажа да има и Пјаца, па јасно е зошто Алегри не инсистира на останување на Квадрадо во ситуација кога може добро да заработи на колумбискиот фудбалер.

Се вчитува...