Како Вујо гледа на македонската репрезентација : Лазаров и Миркуловски се срцето и белите дробови на Македонија

Веселин Вујовиќ добро ги познава макеоднските играчи и целата македонска репрезентација, како и она што го работи Лино Червар. Пред меѓусебниот дуел Вујо во свој стил ги издвои добри страни и евентуалните слабости на македонската репрезентација и „рулетот“ во кој се впуштиле со Червар со подмладувањето на составите.

Има многу фактори кои може да го решат мечот. Ќе видиме, на пример, колку ќе мора денеска да игра Кире Лазаров тој е феноменален играч, но ваков систем на натпреварување е многу тежок за тој физички да го издржи сето тоа. Колку во такви моменти ќе може некој од младите играчи да го замени него или Миркуловски. Тие се срце и бели дробови на македонската репрезентација. За мене е изненадување дека младиот голман Благојче, одбрани многу добро во решавачките моменти, Столе одигра добро на линијата.  Тоа се тие фактори. Основата на македонската репрезентацијата се двете крила, пикерот и Кире. Со враќањето на Миркуловски, тоа е тоа. Се друго е на ризик на Лино. Никој не знае и не може да погоди како ќе одигра Талески или некој друг од овие помлади играчи. Тоа е една лотарија во која Лино свесно се впушти, исто како и јас. Па ќе видиме кога ќе се сврти кругот на чиј број ќе падне “ – истакнува Вујовиќ.

Поранешниот македонски слеектор и тренер на Вардар сега предводник на клупата на Словенија, се наврати и на она старо ривалство со Лино Червар и ракометната класика во дуелите меѓу Вардар и Металург.

На клупата на Македонија седи еден извонреден стручњак. Знаете кави беа тие класико-дуели кога јас бев тренер на Вардар, а Лино на Металург. Со Лино не можеш да бидеш рамнодушен или го сакаш или не го сакаш, нема тука средина. Таков каков што е , направи добар резултат. Основната цел беше да се победи Тунис. Сигурен сум дека денеска ќе ја победи и Ангола и ќе дојдеме во ситуација двете екипи во меѓусебниот дуел да влезат со по четири бода. Тоа е фантастично. Кој и да изгуби во тој дуел, и понатаму останува со шанса  да помине во втора фаза и да биде добропласиран. Се разбира, јас би сакал тоа да биде Словенија“ – вели Веселин Вујовиќ

Се пошегува Вујо и со своите стари пријатели од Македонија дека ќе има „заладени односи“ во овие два дена.

Се разбирам дека сме пријатели со новинарите и со луѓето во Македонија што ги знам и што ги сакам. Спортот е таков што, за жал, Вујо задутре ќе биде на клупата на Словенија, а не на клупата на Македонија. На клупата на Македонија седи еден извонреден стручњак“ – вели Вујо.

Макеоднија и Словенија ќе играат меѓусебен на 16 јануари (17.45 ч.),во третото коло од Групата Б во Мец.

Се вчитува...