Ќе има нов Македонец во Серија А: Душан Филимановски потпишува за Беневенто

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, оваа сезона е единствениот наш претставник во Серија А, носејќи го дресот на Џенова. Но, во првите денови од 2018 година, ќе има уште еден Македонец во најквалитетното италијанско фудбалско друштво. Душан Филимановски, поранешниот фудбалер на Работнички, дефанзивец, кој рано почна да гради интернационална кариера, и беше дел од Кавала, па дури и од Црвена Звезда, ќе потпише договор со последнопласираниот тим во Калчото, Беневенто.

Филимановски во моментов е член на германскиот нисколигаш Хомбург, но веќе постигнал договор со раководството на Беневенто за наредните шест месеци, до крајот на сезоната, да го носи дресот на овој клуб. Во редовите на Беневенто, во минатото играше и македонскиот интернационалец Никола Јакимовски.

Се вчитува...