Шампионот на Македонија, Вардар утре ќе го има своето деби сезонава во европските натпреварувања, откако на домашен терен ќе го пречека фински Купс, во натпревар од 1. коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Свој став околу утрешниот натпревар на денешната прес-конференција даде тренерот на Финците, Мика Нутинен.
„Возбуден сум што сум тука. Знаеме дека играме со најдобриот клуб во Македонија. Ова е големо нешто за клубот. Ние сме сред сезона но јас сум возбуден и очекувам добра игра. Гледавме многу мечеви на Вардар од минатата сезона, очекувам добра игра. Вардар на тие мечеви доминираше, очекувам тежок меч и секако сакам добар резултат со тоа што ние ќе ги завршиме нашите обврски. Мала предност е што сме во натпреварувачки ритам. Овој меч нема да биде одлучувачки но очекувам со победа пред реваншот. Подготвени сме за топлото време, имаме играчи кои играле на вакво време и нема да биде изненадувачки што ќе играме во различно временски услови“, изјави Нутинен.
Натпреварот меѓу Вардар и Купс ќе се игра утре со почеток во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
