МЗТ Скопје вечерва во 19 часот ќе ја отвори новата натпреварувачка сезона, на домашен терен против Куманово, а капитенот Дамјан Стојановски очекува аеродромци повторно да се закитат со трофеите на домашната сцена, но и да остварат добри резултати на меѓународната сцена, како во АБА2 лигата, така и во ФИБА Европа купот.
.„Амбициите на МЗТ Скопје Аеросром се секогаш исти, највисоки. Како и секоја година, како во домашното првенство, така и во АБА2 лигата, а оваа и што подобар пласман во ФИБА Еврокупот. Најголемо наште оружје во сезоната која е пред нас мислам дека ќе биде тимската игра и енергијата“, вели Дамјан Стојановски.
На прашањето за официјалната веб-страница на федерацијата, големиот ас максимално искрен.
„Од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата, очекувам да играме во топли сали“, порачува Дамјан, гласно посочувајќи го големиот проблем во мак-баскетот за кој е смешно да дискутираме во 2026 година, но за жал е наша реалност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
