„Не знам зошто ние Србите секогаш мислиме дека знаеме најдобро“

Вељко Пауновиќ го претрпе и третиот пораз во низа од стартот на Лигата на Нации, овојпат на гостувањето против Германија. Србија загуби со 2-0 во меч во кој резултатот можеше да биде далеку поубедлив ако голманот Петровиќ немаше свој ден, српските фудбалери упатија само еден удар кон противничкиот гол, оставајќи го домаќинот целосно да доминира.

Пауновиќ на прес-конференцијата се осврна не само на резултатот, туку на целокупниот притисок врз фудбалската репрезентација која не ги остварува резултатите што ги очекува јавноста.

„Кај нас на Балкалнот, особено во Србија… Н знам зошто ние мислиме, со кое право, дека знаеме најдобро. Секогаш во некој контекст, ако не оди, се прави некоја драма и трагедија. Ние сме мала земја, Србија, ни треба време да воспоставиме систем што јас не можам да го забрзам. Ако гледаме подалеку од досегашната перспектива, нема да стигнеме далеку, се обидуваме да воспоставиме поинаквви принципи на работа и на гра, тоа не е никогаш лесно. Она што го научив за помалку од година дена е – дека мораме да се промениме. Да ги промениме нашите критериуми, за жал малку сме што сме биле надвор, сме работеле квалитетно и сме биле успешни. Сега сакаме тоа да го примениме и во нашата земја, кога јас дојдов овде дојдов да помогнам, верувајте дека секогаш го давам најдоброто. Не е фудбалот само трнинг и татика, тоа е и менталитет, работа во клубовите… Затоа велам, ова е процес и се уште верувам во овие момци, верувам дека сме во вистински правец“, истакна Пауновиќ.

Се вчитува...