Клоп: Престанавме да играме фудбал во второто полувреме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не го криеше разочарувањето по очајното издание на својот тим во второто полувреме, во кое „црвените“ прокоцкаа предност од 3-0 и сигурно прво место во својата група. Очајниот старт на вториот дел им овозможи на фудбалерите на Севилја да се вратат, а потоа во судиското продолжение да стигнат и до израмнување.

Немам објаснување, во второто полувреме престанавме да играме фудбал. Тоа е нашето единствено оружје, знаеме да играме добар фудбал, а денеска тоа не го правевме во вторите 45 минути“ – истакна Клоп.

Особено слабо одигра екс-фудбалерот на Севилја, Алберто Морено, кој беше директен виновник за првите два гола на својот поранешен клуб, па беше заменет со Џејмс Милнер.

Во ред е да бидеш премногу самоуверен по одличното прво полувреме, но ние бевме доволно брзи, не бевме ниту поставени во вистинската формација, а противникот го искористи тоа. Не е проблемот само во Алберто, сите мораа да одиграат колективно и да ја финишираат средбата во која водеа со три гола. Главната грешка ни е што престанавме да играме фудбал“ – посочи стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...