Кој тоа смее да го отпишува Скопје? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Како круна на одличните игри оваа пролет на тимот на Љупчо Марковски следеше денешниот триумф од 0-1 на гостувањето против Силекс во Кратово, во заостанатиот натпревар од 19. коло во ПМФЛ.

По несреќно пропуштената победа против Ренова, сега дојдоа трите бода за Скопје и тоа како значајни во битката за опстанок. Тимот од Автокоманда сега е на само пет бода од Победа и Пелистер, веќе отворено најавувајќи ја жестоката битка која го очекува во продолжението од шампионатот…

 

 

 

Се вчитува...