Контроверзии на СП: Шпановиќ под сомнителни околности остана без медал - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Останато
22/10/2017 20:35
Останато
22/10/2017 16:31
Фудбал
22/10/2017 16:26
Фудбал
22/10/2017 14:17

Контроверзии на СП: Шпановиќ под сомнителни околности остана без медал

Контроверзии на СП: Шпановиќ под сомнителни околности остана без медал

Американката Бритни Риз е победничка во скок во далечина на Светското првенство кое се одржува во Лондон.

Ризи имаше скок од 7.02 метри, доволно за златото, пред Русинката Дарија Клишина која имаше скок од 7.00 метри и Американката Тијана Бартолета со скок од 6.96.

Но, вистински контроверзии во оваа дисциплина предизвика последниот скок на српската атлетичарка Ивана Шпановиќ која во последната серија се чини имаше скок над 7 метри, но доби од судиите само 6.91, со што остана на четвртата позиција со претходен скок од 6.96 метри.

spanovic 2

Шпановиќ реагираше до судиите, но според известувачите од СП неофицијално на Србинката и се одлепил бројот од дресот и оставил некоја мала трага.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.