Селекторот на Мароко: Ќе бидеме разочарани ако не го освоиме Светското првенство

Селекторот на мароканската фудбалска репрезентација, Мохамед Вахби, пред четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција изјави дека неговиот тим не е задоволен од она што го постигнал досега на турнирот.

Фудбалерите на Мароко вечерва во Бостон ќе го одиграат четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција.

Тоа ќе биде реприза на полуфиналето од Светското првенство во 2022 година во Катар, кога Франција победи.

„Не ми се допаѓа чувството дека можеме да кажеме оти она што сме го направиле досега е одлично, а остатокот е бонус. Не, единствениот бонус е освојувањето на Светското првенство“, рече Вахби.

Се вчитува...