Хаос во репрезентацијата на Норвешка пред историскиот меч на СП

Пред четвртфиналето на Светското првенство против Англија, во норвешкиот табор има проблеми кои ги нарушуваат подготовките на репрезентацијата за историскиот натпревар.

По само една ноќ, тимот го напушти хотелот во Мајами каде што престојуваше поради незадоволство од условите, а дополнителен проблем е и стомачниот вирус кој зафати дел од тимот.

Норвешката репрезентација, предводена од Ерлинг Халанд, првично беше сместена во хотел во Форт Лодердејл, но поради неколку приговори, одлучи да ја промени базата.

Како што објавија британските и норвешките медиуми, играчите и тренерскиот персонал беа вознемирени од бучавата од блиското градилиште и прометниот пат, недостатокот на заедничка просторија за состаноци, оддалеченоста од плажата, како и приговорите за хигиената.

Капитенот Мартин Одегард изјави дека репрезентацијата сака да обезбеди најдобри можни услови за подготовка за еден од најважните натпревари во поновата историја на норвешкиот фудбал.

Се вчитува...