Младинците поразени и од Хрватска на ЕП

По поразот вчера од Норвешка, ракометната репрезентација на Македонија до 20 години денеска го запиша и вториот пораз на Европското првенство кое што се игра во Романија.

Денеска од нашите надежи подобри беа младинците на Хрватска кои на рутински начин стигнаа до победа од 34-29.

Хрватите во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не им дозволија на младинците на Македонија да се понадеваат дека може да стигнат до поволен резултат. Марко Каевски со седум гола беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Петар Шпрем беше убедливо најдобар поединец со осум гола.

Се вчитува...