Костоски пак одличен, но Питешт загуби од Клуж - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Костоски пак одличен, но Питешт загуби од Клуж

Костоски пак одличен, но Питешт загуби од Клуж

Александар Костоски по двете победи во низа над Орадеа и Динамо Букурешт вечерва го претрпе првиот пораз како член на Питешт, откако неговиот тим го загуби дерби дуелот на домашен терен против Клуж со резултат 82-88. Македонскиот ас повторно прикажа одлична игра, но падот во концентрацијата во одбраната во последната четвртина на домашните кошаркари скапо го чинеше Питешт, па Клуж си замина со цел плен од ова тешко гостување.

Првото полувреме мина во израмнета игра (38-38), за во третата четвртина Питешт предводен од Костоски (осум поени) во 28. минута да има и единаесет поени разлика (57-46). Гостите успеаја да намалат до крајот на четвртината на 60-55, а потоа во последните десет минути го свртеа целосно резултатот во своја полза, за конечен триумф од 82-88.

Костоски беше најдобар кошаркар во редовите на Питешт со 21 поен (5/7 за тројка, 3/5 за два поени) и четири асистенции, уште еднаш покажувајќи дека е суперзасилување за овој тим, кој атакува на висок пласман во шампионатот на Романија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.