Лукајиќ: Звезда игра во Евролига, а ние сме…

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром немашe никакви шанси против актуелниот шампион во АБА-лигата, тимот на Црвена Звезда. „Металците“ загубија со убедливи 58-92, а тренерот Жељко Лукајиќ смета дека разликата во квалитетот е несомнена. „Црвено-белите“ играат во Евролигата, а МЗТ не може да парира.

„Загубивме убедливо, нема дискусија, Црвена Звезда заслужено победи. Тие се тим кој игра во Евролигата, а ние се обидуваме да се престроиме и да прифатиме една поинаква филозофија. На овој натпревар се виде дека имаме огромни проблеми во нападот, а примивме многу поени иако се трудевме навистина многу во одбраната. Ако играме меко и чекаме дали ќе погоди противникот, тогаш однапред сме осудени на пораз. Сепак, мислиме и на иднината, па затоа Маслинко и Настовски добиваат шанса“, изјави тренерот на МЗТ Скопје по поразот од Црвена Звезда.

Се вчитува...