Москва влегува во календарот на ВТА со нов турнир

Од следната сезона Москва влегува во календарот на ВТА со нов турнир, потврди Руската тениска федерација. Отвореното првенство на Москва ќе се одржи во периодот од 23 до 29 јули на земјен терен на отворено. Московскиот турнир на календарот на ВТА ќе го замени турнирот кој до оваа година се одржуваше во Баштад.

Од Руската тениска федерација наведуваат дека терминот за Отвореното првенство на Москва може да биде променет поради Светското првенство во фудбал што ќе се одржи следната година во Русија.

Според најавите наградниот фонд на турнирот во Москва ќе изнесува 750.000 долари и ќе биде значително повисок во однос на фондот од 226.750 долари на турнирот во Баштад.

Ова ќе биде трет ВТА турнир што ќе се одржува во Русија, покрај натпреварувањата ви Санкт Петербург и Кремљ Купот во Москва.

Се вчитува...