Официјално: Лацио се засили со Мартин Касерес

Лацио го официјализираше трансферот на Мартин Касерес од Верона. Уругваецот потпиша едногодишен договор со екипата од Рим, со можност да продолжување на уште една сезона.

30-годишниот дефанзивец сезонава е во извонредна форма играјќи за тимот на Верона, стартуваше на 14 натпревари за калчолигашот на кои постигна три погодоци.

Во неговата кариера ги носеше дресовите на Барселона, Јувентус, Севилја и Саутемптон, додека за репрезентацијата на Уругвај има забележано 75 настапи.

  

Се вчитува...