Пантиќ потпиша за Фени индустри

На еден ден пред истекот на преодниот рок во кошаркарското првенство, екипата на Фени Индустри ги засили своите редови. Нов член на кавадаречкиот клуб е Младен Пантиќ, кошаркар кој до пред неколку месеци настапуваше во АВА лигата во дресот на Морнар. Станува збор за играч на позицијата центар кој ќе му биде од голема помош на тренерот Малинков во битката под обрачите во Супер-лигата, која стартува овој викенд.

Новиот кошаркар на Фени ќе дебитира во првото коло, на гостувањето против шампионот МЗТ Скопје, а ќе нема право за настап во БИБЛ- лигата.

Во својата кариера Пантиќ освен во Морнар има настапувано за повеќе европски клубови меѓу кои и Крајова, Орадеа, Борац Чачак, Левски, Игокеа и Алба Берлин.

Се вчитува...