„Пелистерци“ револтирани: Украдени во Скопје, Вардар не заслужи победа! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
13/12/2017 14:50
Меѓ. Фудбал
13/12/2017 14:42
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39

„Пелистерци“ револтирани: Украдени во Скопје, Вардар не заслужи победа!

„Пелистерци“ револтирани: Украдени во Скопје, Вардар не заслужи победа!

И ден по вчерашната дерби пресметка на „Филип Втори“ не стивнува револтот меѓу „пелистерци“ поради судењето на мечот. Вардар славеше минимално со 1-0, со погодокот на репрезентативецот Висар Муслиу, иако Пелистер беше повеќе од рамноправен противник на теренот.

Во таборот на битолчани револтот е пред се насочен поради поништениот гол во 83. минута…

„И од повторените снимки може да се види дека немаше никаква офсајд позиција. Апсолутно бевме ‘украдени’ во Скопје во меч во кој не заслуживме пораз“ – велат од таборот на Пелистер.

И тренерот на „зелените“, Спасе Ристевски потенцира дека Вардар не заслужил триумф.

„Бевме во најмала рака рамноправен противник, имавме и поизгледни шанси од Вардар на мечот, а ни беше поништен сосема регуларен погодок. Жално е кога ќе одиграте квалитетен натпревар, а некој непотребно ќе ви го украде целиот труд“ – вели Ристевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.