Работнички се засилува со Американецот Расел Робинсон

Работнички за продолжението од сезоната се засилува со американскиот кошаркар Расел Робинсон, кој вечерва треба да пристигне во Скопје на официјализација на договор со тимот од Градски парк.

31-годишниот Робинсон, кој игра на плејмејкерската позиција, доаѓа од полски Шчечин, а претходно во својата кариера настапувал и за екипите на Хувентуд во Шпанија, турски Трабзон како и грчаката Кавала.

Дебито за Работнички, Расел Робинсон ќе го има уште утре на натпреварот против Фени Индустри во „Градски парк“. Во тимот се враќа и Ѓорѓи Чековски, по издржувањето на суспензијата, која ја влече од минатата сезона.

Работнички во првото коло од новата сезона во домашниот шампионат славеше на гостувањето против Куманово.

Се вчитува...