Серена на убедлив начин се врати на тенисот: Старт со победа на Индијан Велс

Американската тенисерка Серена Вилијамс на убедлив начин, со сигурно победа на Индијан Велс се врати на тениските терени по пауза од 14 месеци.

Вилјамс натпреварите на Индијан Велс ги почна со победа од 7-5,6-3 против Зарина Дијаз од Казахстан, па во следното коло ја очекува пресметката со 19-та носителка, Кики Бертенс од Холандија.

Пласман во следната рунда натпревари обезбеди и Белорусинката Азаренка која, исто така во два сета, со 6-4,6-2 лесно славеше против Британката Ватсон.

Се вчитува...