Случајна грешка или уште едно заминување од Вардар – Канељас во Хановер?

Шпанскиот бек Жоан Канељас од Вардар се враќа во Германија во составот на Хановер. Намерно или случајно Канељас беше споменат како дел од германскиот бундеслигаш во вчерашниот извештај за победата на хановер против Лудвигсхафен.

„Тимот на Жоан Канељас и на Икер Ромеро победи кај Лудвигсхафен со 27-21..“, стои во објавата на Твитер.

Икер Ромеро е актуелен помошник тренер на Антонио Карлос Ортега во шпанскиот тандем на клупата на Хановер, а Канељас по се изгледа, новото засилување во германскиот состав.

Канељас во Вардар дојде лани од екипата на Кил за која настапуваше две сезони. Пред тоа Канењас една сезона играше и во составот на Хамбург.

Од Вардар деновиве актуелни се најави за заминувања. Тренерот Раул Гонзалес веќе официјално потврди дека од јули се сели на клупата на ПСЖ со кој има тригодишен договор. Официјално се уште не е потврден но, во унгарските медиуми беше најавен и трансферот на Арпад Штербик од Вардар во Веспрем, а од претходно потврдено е дека Лука Циндриќ од следната сезона заминува во Кјелце. Според најавите на излезна врата од Вардар се уште неколку ракометари од првиот состав, меѓу кои и Канељас.

canellas hanover

Се вчитува...