СТРАШНА повреда: Нанали од забивање падна директно на врат (видео)

Фенербахче и Басконија ја играа третата четвртина кога домашниот кошаркар Џејмс Нанали заработи страшна повреда, откако по едно лесно забивање ја загуби контролата, се преврте во воздух и падна директно на врат.

Во истиот момент настапи молк во салата во Истанбул, а Американецот по интервенција од повеќе од пет минути крај теренот на носилки беше изнесен кон соблекувалните.

Останува надежта дека сепак не станува збор за нешто страшно, како што делува повредата во прв момент.

Се вчитува...