Треневски ги сили „романтичарите“: Против Македонија ЃП, како против Вардар - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20
Коментари
18/09/2017 13:09

Треневски ги сили „романтичарите“: Против Македонија ЃП, како против Вардар

Треневски ги сили „романтичарите“: Против Македонија ЃП, како против Вардар

Работнички и Македонија ЃО утре од 16 часот на „Телеком арена“ ќе го отворат 28.коло од Првата фудбалска лига на Македонија. „Романтичарите“ посакуваат нови три бода, а тренерот Виктор Треневски бара од своите фудбалери да одиграат на врвно ниво, со максимална мотицација, како на дерби против Вардар.

„Играме против Македонија ЃП, еден млад и полетен тим, кој претходно во првенството веќе ни покажа дека може да биде многу незгоден ривал. Затоа, мораме максимално мотивирано да влеземе во овој дуел, да наметнеме свое темпо и да ги заслужиме трите бода. Имаме квалитет, имаме и поголемо искуство, но сето тоа треба да се покаже и да се потврди на теренот“, вели тренерот Треневски за официјалниот сајт на клубот.

Работнички во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата со 46 бода, додека Македонија ЃП е последнопласирана, со 18 бода.

Во останатите мечеви од 28.коло во Првата лига се среќаваат: Шкупи – Вардар, Силекс – Шкендија, Пелистер – Победа, Ренова – Брегалница (недела, 16 часот).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.