Удинезе го запре налетот на Јуве, Интер убедлив со Калјари

Серијата победи на Јувентус во рамките од Калчо-лигата беше прекината со денешното реми што „старата дама“ го одигра на гостувањето против Удинезе (1-1). Јуве одигра катастрофално прво полувреме по кое домаќините имаа заслужено водство, но потоа шампионот ја консолидираше својата игра и успеа да израмни преку Бонучи. Иако се обидоа да направат целосен пресврт, фудбалерите на Јувентус немаа сили за втор гол, па наместо посакуваните „плус десет“ по комплетирањето на ова коло имаат осум бода предност во однос на второпласираната Рома.

Палермо претрпе нов пораз, овојпат на гостувањето против Торино со 3-1. Сицилијанците повторно имаа предност од 0-1 по првото полувреме, но потоа примија три гола во низа. Хет-трик постигна Белоти, и тоа во периодот од 73. до 81. минута од натпреварот. Гостинскиот голман Посавец имаше меч за заборав откако лошо истрча при првиот и третиот погодок за својот тим, за нов пораз на Палермо и уште еден чекор поблизу до преселба во серија Б.

Интер рутински ја одработе задачата на гостувањето против Калјари, со „петарда“ освојувајќи ја Сардинија (1-5). Перишиќ постигна два гола за „нероаѕурите“, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Икарди, Банега и Галјардини.

Нчам повторно беше херој на Џенова, откако фудбалерот што постигна гол за реми минатиот викенд со Болоња овојпат беше стрелец на погодокот за победа на гостувањето во Емполи, повторно во самиот финиш. Емполи се обиде да израмни, но Џенова во 93. минута стигна до конечните 0-2 со голот на Хилјемарк.

Резултати Италија:

Калјари – Интер 1-5, Емполи – Џенова 0-2, Торино – Палермо 3-1, Удинезе – Јувентус 1-1, Кротоне – Сасуоло 0-0, Аталанта – Фиорентина 0-0.

All Goals & Highlights HD – Udinese 1-1… by FansBarcelona
All Goals & Highlights HD – Cagliari 1-5 Inter… by Jek09Pre
All Goals & Highlights HD – Torino 3-1 Palermo… by Bundes-Liga

Се вчитува...