УЕФА ги казнува Арсенал и Келн за немирите на „Емирати“

УЕФА поднесе прекршочни пријави за Арсенал и Келн, откако германските фанови правеа нереди на „Емирати“, поради што мечот мораше да започне еден час подоцна од предвиденото.

Арсенал ќе добие казна поради попречување на еден од влезовите на стадионот каде што биле гостинските навивачи. Германскиот клуб ќе мора да се соочи со четири казни, вклучувајќи ги нередите создадени од фановите, фрлање предмети на теренот, уништување на трибините, како и користење на пиротехника, што е строго забрането да се користи на европски натпревари.

Немилосрдните навивачи на Келн вчера беа надвор од контрола пред мечот, во одреден момент делегацијата на УЕФА размислуваше и за одложување на средбата, но мечот се одигра со доцнење од еден час.

Иако беа предвидени 3.000 карти за фановите на Келн, во Лондон пристигнаа дури 20.000 поддржувачи на германскиот прволигаш, кои сакаа да влезат во арената без билети.

Се вчитува...