Вардар мисли дека е Реал: Билетите за Фенербахче од 2.000 до 3.000 денари

Македонскиот првак Вардар се реши за екстремно скапи влезници за претстојниот домашен натпревар против Фенербахче во плејоф колото за влез во Лигата на Европа. Цените на најевтините билети ќе изнесуваат 2.000 денари – за Исток и за Запад, по 2.500 денари ќе чинат влезниците за југоисток, југозапад, североисток и северозапад, додека задоволството да се гледа од централните трибини ќе вреди дури 3.000 денари. Толку е на пример билет и за вечерашниот Суперкуп на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Вардарци донесоа одлука целата јужна трибина да биде резервирана за навивачи на Фенербахче, додека македонските фанови можат да купуваат само за западната и за северната трибина.

Влезниците се пуштаат во продажба од утре, а Вардар им овозможува 50% попуст на сопствениците на Вардар ПАС билети, навивачите кои ги следеле мечевите со Копенхаген или со Малме или оние кои ќе приложат билет од некој од ланските натпревари на ФК Вардар. За нив билетите ќе чинат по 1.000, 1.250 и 1.500 денари.

Се вчитува...