Вардар надмоќен во регионалното дерби против ППД Загреб - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Вардар надмоќен во регионалното дерби против ППД Загреб

Вардар надмоќен во регионалното дерби против ППД Загреб

По втор пат сезонава ракометарите на Вардар демонстрираа надмоќност и запишаа нова победа против ППД Загреб со 30-23  , овој пат во дуелот од 5.коло во регионалната СЕХА лига. Претходно, вардарци беа супериорни против хрватскиот шампион и во дуелот од Лигата на шампионите. Со овој триумф „црвено-црните“ ја продолжуваат перфектната серија со максимални пет победи по ред во првите пет кола во СЕХА лигата.

Само во првиуте дваесетина минути од натпреварот, хрватскиот шампион успеваше да држи чекор и резултатски беше изедначен со домаќините. Во 18.минута ППД Загреб имаше минимална предност од 6-7, а потоа вардарци тргнаа во офанзива, постигнаа четири гола во серија и се одлепија на 10-7. Гостинскиот тим не успеваше да го следи ритамот на Вардар, а вардарци комплетно ја презедоа контролата и рутински ја зголемуваа предноста. На полувремето веќе имаа седум гола позитива (17-10) и практично, веќе добиен натпревар.

DD1_2135_original

Второто полувреме продолжи во ист ритам. Хрватскиот шампион се помири со поразот и ја призна надмоќноста на домаќинот,  а регионалното дерби на крај повеќе личеше на ревијален натпревар. Високата предност и разликата во квалитет му остави простор на Раул Гонзалес да им даде шанса и на играчите од клупата, а довербата најдобро ја оправда голманот Даниел Ѓорѓевски кој го замени Страхиња Милиќ во финишот и одбрани два седмерци.

DD1_2048_original

По шест гола за Вардар постигнаа Тимур Дибиров и Игор Карачиќ, а со пет погодоци заврши Вуко Борозан. Страхиња Милиќ запиша 17 одбрани. Кај Загреб најефикасен беше Стипе Мандалиниќ со осум гола.

Во следното коло од СЕХА лигата, Вардар на 21 октомври му гостува на Целје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.