Вечера на Меси и пријателите – 37.330 евра (ФОТО)

Се ближи денот на свадбата на Лионел Меси (30 јуни), а аргентинскиот ас во меѓувреме ужива на Ибица со своите добри пријатели. Ѕвездата на Барса синоќа ги одведе Луис Суарез и Цеска Фабрегас со семејствата на заедничка вечера, а фокусот веднаш беше ставен на сметката – во висина од 37.330 евра.

Од оваа сума, дури 24.600 евра се потрошени на шампањ, а од храна нарачувани биле пици и бургери, како и овошје за десерт. Данокот во висина од 6.478 евра придонел сметката што ја платил Аргентинецот да ја надмине сумата од 30.000 евра.

smetka mesi

Меси честел пред своето заминување за Аргентина, каде Суарез и Фабрегас ќе му се приклучат на денот на свадбата. Најдобриот фудбалер на Барселона ги повикал сите играчи на каталонскиот гигант да му бидат гости, но немало покана за екс-тренерот Луис Енрике, со кого не е тајна дека Меси воопшто не беше во добар однос.

Се вчитува...