Зидан: Никој не сака да игра против Лестер во ЛШ

За утре е закажано извлекувањето на четвртфиналните двојки за Лигата на шампионите, а голем дел од тимовите не ја кријат својата желба – да избегнат пресметка со Лестер. Џиџи Буфон веднаш по триумфот над Порто изјави дека не сака да се сретне со англискиот претставник во следната нокаут фаза, а истиот став го има и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Мислам дека не постои тренер од овие преостанати седум што ќе сака да се сретне со Лестер во четвртфиналето. Цело време ги гледаме истите работи, мислиме дека нешто е невозможна мисија за нив, а тие ја остваруваат. Сите велеа дека не можат да ја освојат Премиер-лигата, го сторија тоа, се мислеше дека ЛШ е превисоко ниво за нив, самите видовте ешто се случи. Клучот е во тоа дека многу се борат и дека не чувствуваат никаков притисок. Кога ние би играле со нив би важеле за супер-фаворити, но тие ќе го искористат тоа за дополнително да се мотивираат… и потоа ќе ни загорчат животот. Секако, во своите редови имаат и бројни талентирани играчи така што најискрено посакувам да не налетаме на Лестер во четвртфиналето“ – изјави Зидан.

Се вчитува...