„100“ на Елмас во дресот на Наполи со реми против Сасуоло, Пандев и Џенова поразени од Милан (ВИДЕО)

Елјиф Елмас одбележа еден убав јубилеј, 100 настапи во дресот на Наполи во ремито на гостувањето кај Сасуоло од 2-2. Уште поубав ќе беше јубилејот доколку наполитанците не ја прокоцкаа предноста од 0-2 која ја имаа до 72. минута.

Фабијан Руиз во 51. минута донесе водство од 0-1 за тимот од Неапол, додека девет минути подоцна Мертенс зголеми на 0-2. До крајот домаќините сепак успеаја да стигнат до бод. Скамача во 72. минута намали на 1-2, а конечните 2-2 ги постави Ферари во 92. минута. Израмнувањето го полуде тренерот на Наполи, Лучијано Спалети кој доби црвен картон, а Наполи имаше среќа што на крајот успеа да освои и бод бидејќи по консултација со ВАР беше поништен голот на Сасуоло за победа во 93. минута.

Елјиф Елмас влезе во игра во 46. минута и го одигра целото второ полувреме.

Горан Пандев и Џенова „потклекнаа“ на домашен терен претрпувајќи нов пораз, овојпат од Милан со 0-3. Ибрахимовиќ со маестрален гол од слободен удар и Месајас со два гола беа творци на победата на „росонерите“. Пандев доби шанса во 92. минута.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...