17-годишен фудбалер на ПСЖ го застана Меси и му даде совет! (ФОТО)

Лионел Меси веќе стекна нови пријатели во соблекувалната на ПСЖ, додека некои играчи веќе добро ги познава од порано, како Нејмар, Анхел Ди Марија или Серхио Рамос. Во суштина, сите едвај чекаа Меси да дојде во Париз и Аргентинецот е во добри односи со сите, дури и со Килијан Мбапе, иако медиумите веднаш почнаа да пишуваат за незадоволството на Французинот.

Меси на тренинг беше пречекан и од 17-годишниот Исмаел Гарби, играч од средниот ред кој за првпат беше во сениорскиот тим за време на четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн минатата година, а дебитираше на 1 август во францускиот Супер Куп натпревар против Лил (0-1). Тој влезе во игра во 81. минута и се чини дека тренерот Маурисио Покетино сериозно смета на овој „скапоцен камен“.

На еден од тренинзите на ПСЖ, Гарби го запозна Меси. Прво му пријде, па се ракуваа, а потоа младиот фудбалер му кажал: „Ако ти треба нешто, јас сум тука“.

Тинејџерот дојде во ПСЖ во 2016 година од Пари ФК, кој се натпреварува во втората лига. Тој беше дел од младинскиот тим, но сега ќе добива се повеќе можности во професионалниот фудбал, а исто така има среќа да го запознае Меси и да учи од најдобрите.

Што се однесува до Меси, тој потпиша богат договор до 2024 година со ПСЖ, според кој ќе заработува најмалку 35 милиони евра по сезона. Пристигна како слободен агент од Барселона, кој не можеше да го регистрира за новата сезона поради финансиски проблеми. Не е познато кога Аргентинецот ќе дебитира, но факт е дека тоа нема да се случи викендов во 2.коло од Лига 1, бидејќи тој се уште не е целосно подготвен.

Се вчитува...