19-годишната Kрстевска ќе ја претставува Македонија на СП!

Македонија ќе има свој претставник на Светското првенство во трчање на пат, кое на 19 и 20 септември ќе се одржи во Копенхаген, Данска.

На големата светска сцена ќе настапи 19-годишната Дарија Крстевска, која ќе се натпреварува во дисциплината 5 километри и ќе има можност да се соочи со најдобрите атлетичарки од целиот свет.

За Крстевска ова е голем чекор во кариерата и одлична можност да го покаже својот потенцијал на едно од најголемите натпреварувања во атлетиката.

Се вчитува...