Финалната серија во македонската прволигашка кошарка продолжува денеска во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот каде МЗТ Скопје ќе се обиде да го одбрани домашниот терен и во вториот натпревар за водството од 2-0, а Пелистер ќе се надева на „брејк“ со кој би се довел во одлична ситуација пред двата натпревари во Битола.
Првата средба помина целосно во знакот на аеродромци кои го примораа противникот на тешки обиди, го контролираа скокот, имаа и подобар проток на топката во нападот, а помогна и пошироката клупа која резултираше со дупло повеќе постигнати поени од противникот.
Притоа МЗТ Скопје на првиот натпревар ги штедеше силите на Страхиња Миќовиќ и Александар Бурсаќ па ќе биде интересно да го видиме изборот на тренерот Атанасов за мечот број два.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА