Хамшик донесе три бода за Наполи

Наполи се зацврсти на лидерската позиција во Серија А откако во првиот натпревар од 19. коло славеше на гостувањето против Кротоне со 0-1.

„Наполитанците“ до триумфот дојдоа благодарение на погодокот на Марек Хамшик во 17. минута од средбата.

По овој триумф, Наполи со 48 бода сега е на врвот со четири бода предност во однос на второпласираниот Јувентус кој утре го игра својот натпревар од ова коло гостувајќи на Верона. На третата позиција е Интер со 40 бода, а на 4. место Рома со 38 бода и натпревар помалку.

Се вчитува...